Инфо

Година

2021

Дата/Време

Петок 11.06 19:30

Место

МКЦ денсинг сала

Земји учесници

Учесници

Артопиа

Артопиа

Од основањето во 2016 година, Артопиа - трупа од Скопје која работи во полето на општествено ангажираниот театар и перформанс,...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Кожурец - Театарска претстава

Ги познав тие очи. Ја знам оваа жена. И таа ме знае мене, ме знае од дете. Се имаме видено повеќе пати. И сега ја гледам, стои овде, и ме гледа. И таа не ме суди. Таа не ме суди. Таа го прифаќа мојот молк како плач на своето рамо.

  • Режија: Билјана Радиноска
  • Текст и драматургија: Билјана Радиноска и Верица Недеска
  • Играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска и Наташа Петровиќ
  • Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
  • Обработка на звук и видео: Душица Настова
  • Камера и фотографија: Марјан Петровски

Продуцент: Филип Николовски

Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец се одигрува во просторот на комплексните односи на премолчувањето и прозборувањето. Барајќи јазик со кој може да се проговори за внатрешните и надворешните механизми на сексуалната злоупотреба, овој збир од сцени, слики и песни како своевиден емотивен пејзаж на една траума, одважно го преиспитува театарот како репрезентација.

*Билетите по цена од 300 денари се достапни нa https://bileti.mkc.mk/index.php?id=827

 

Top