Учесници

Калиа Димитрова
Калиа Димитрова (Скопје, 1991) дипломира на политички науки на Правниот факултет при УКИМво Скопје, а нејзината магистратура во областа на...
ПовеќеМедуза platform

Реља Пекиќ Цариќ
Реља Пекиќ Цариќ e етнолог и антрополог. Реља е ко-основач на Центарот за визуелна антропологија - Белград и координатор на друштвениот центар Кров - Белград.
Синопсис
Заедно (Сложни жени диско градат)
Феминистичката платформа Медуза и Центар за визуелна антропологија - Белград
- Времетраење: 39’
- Јазик: Македонски
- Продукција: Феминистичката платформа Медуза - Скопје и Центар за визуелна антропологија - Белград
- Авторка: Калиа Димитрова
- Ко-автори: Реља Пекиќ Цариќ, Миклош Барна Липковски, Никола Радека
- Сценарио: Калиа Димитрова
- Камера: Реља Пекиќ Цариќ, Миклош Барна Липковски
- Монтажа: Реља Пекиќ Цариќ, Никола Радека
- Звук: Никола Радека
Заедно е истражувачки, пријателски, документарен филм кој е плод на соработка меѓу Феминистичката платформа Медуза од Скопје и Центарот за визуелна антропологија од Белград, кој тргнува од претпоставката дека делувањето на жени и квир лица во доминатно машки простори, каков што е и доменот во нашиот фокус, (може да) ги промени постоечките услови и релации и да создаде нови.
Документарниот филм одблизу нè запознава со животот, развојот, меѓусебните врски, соработки, препреки и борба за егзистенција пред и за време на здравствената криза на неколку клучни фигури од културниот живот на градот Скопје - диџејки и диџеи на чии сетови се чувствува(в)ме најслободни, безбедни и свои, а чија работа беше (е) оневозможена за време на снимањето на филмот. Еми Ермилова, Соња Исмаил, Вера Вендета, Ивана Драгшиќ, Илина Ангел, Ана Мало и Зоки Бејбе, зборуваат за своето минато и за иднината на оваа професија.