Инфо

Година

2021

Дата/Време

Понеделник 14.06 21:30

Место

ФДУ летна сцена

Земји учесници

Учесници

Валериа Грациано

Валериа Грациано

Валериа Грациано е теоретичарка на култура и практичарка, која моментално работи како истражувачка во Центарот за постдигитални култури на Универзитетот...

Повеќе

Џулиа Паладини

Џулиа Паладини

Џулиа Паладини е истражувачка и критичка теоретичарка која моментално работи како виша предавачка по предметите Драма, театар и перформанс на...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Разговор: Против логиката на немаштија: обратен штрајк, протестирање и операции на милитантно изобилство

Разговор
Против логиката на немаштија: обратен штрајк, протестирање и операции на милитантно изобилство
Валериа Грациано и Џулиа Паладини

 

Нашата интервенција ќе предложи рефлектирање на формите на политичката имагинација и милитантност, надминување на логиката на немаштија, или уште попрецизно - поништување на дихотомијата немаштија - изобилство во современиот капитализам. Особено ќе се фокусираме на различните форми на штрајкување кои може да го реконфигурираат штрајкот како операција за да претставува  афирмативна  имагинација на поинакви начини на работа, наместо повлекување од она што е зададено како единсвена можна логика на производството.

 

Разговорот е дел од програмата на платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ*, која произлегува од определбата на ПРВО ПА ЖЕНСКО за развивање феминистичка уметничка продукција практикувана низ солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка. 

Oд јуни до октомври 2021, ќе бидат развиени 2 авторски проекти во полето на современиот танц, перформанс и/или театар на 2 жени уметници кои работат на локалната независна културна сцена во полето на изведувачките уметности. Двете продукции ќе имаат премиера во рамки на Меѓународниот театарски фестивал Млад отворен Театар. Платформата е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA Young Feminist Fund, а активностите се поврзани со проектите Жени за жени (Women on women – WoW Project) и ПичПрич кои ги реализира Тиииит! Инк. со цел унапредување на јавниот интерес за родовите прашања и поголемо присуство на жените во јавната сфера. 

 

По разговорот ќе следи музичка програма на Студентското Собрание на ФДУ.

 

 

* феминистичката проба е методолошки пристап во читањето текстови кој промовира поливалентни читања и ставање на родот во преден план, поттикнува заедништво и градење консензус низ конфронтација со преплетените истории на знаење, моќ и слобода (Tanya L. Shields, 2014)

Top