Инфо

Година

2021

Дата/Време

Среда 16.06 14:00

Место

кафе книжарница Буква

Земји учесници

МК | МК | MK | MK | MK |

Учесници

Калина Малеска

Калина Малеска

Калина Малеска е македонска писателка, преведувачка и професорка. Има објавено три збирки раскази: Недоразбирања (Македонска книга 1998), Именување на инсектот...

Повеќе

Сара Миленковска

Сара Миленковска

Сара Миленковска е феминистка, модел, политиколог и сите контрасти кои им се противат на општествените норми и идеи за нејзината...

Повеќе

Катерина Иванова

Катерина Иванова

Катерина Иванова е активистка за сексуално и репродуктивно здравје и права и студентка на Правниот факултет. Најактивна е во ХЕРА...

Повеќе

Теодора Милеска

Теодора Милеска

Теодора Милеска моментално студира меѓународни и интеркултурни студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Слободното време го балансира помеѓу активизам за СРЗП и читање на феминистичка литература.


Хана Корнети

Хана Корнети

Хана Корнети е писателка на проза и долгогодишна уредничка на академски и комерцијални текстови. Паралелно дипломирала философија и историја, а...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Панел дискусија: Издание на изоставените


Панел дискусија


Издание на изоставените 

 

Феминистичкиот фестивал ПРВО ПА ЖЕНСКО во соработка со Феминистичкиот клуб на читателки, како дел од младинската програма организира панел дискусија за феминистичка литература, перспективата на жената како писателка и читање на текст преку призмата на родот. Новата генерација читател(к)и има јасна потребата за едно критичко читање на тековната феминистичка книжевност, дебати и дискусии кои се изместуваат од класичното академско читање на делата, па затоа оваа дебата се појавува со цел да ја прошири дискусијата за новите феминистички читања. Во моменталната општествена атмосфера, феминистичките анализи на книжевните дела главно се случуваат во затворени кругови и со тоа се создава една свежа, алтернативна традиција на литературна критика. Феминистичкиот клуб на читателки преку организираните дебати и средби си оградува еден сопствен простор, безбеден и инклузивен за читател(к)ите кои имаат феминистички-информирано гледиште за книжевната критика. 

Top