Инфо

Година

2022

Дата/Време

Вторник 15.03 00:00

Место

Скопје

Земји учесници

Учесници

Медуза platform

Медуза platform


Ар тисти

Синопсис

Школа за феминизам: ФЕМ 101.02, во соработка со феминистичката платформа Медуза

Хуморот преку призмата на феминистичкиот отпор го разгледувавме преку дел од предавањата на школата за феминистичко пишување што ја организиравме заедно со феминистичката платформа Медуза, ФЕМ 101.02. Целта на школата беше да ги подготви учесничките и учесниците за успешно читање на феминистички наративи, аргументирано пишување и застапување преку креативен израз. Низ блок предавања и работилници, учесничките се запознаа со клучни концепти од феминизмот и родовите студии.

Школата беше составена од 5 предавања и 7 работилници, распределени низ скоро три месеца, почнувајќи од 15 март 2022 година.

Познавањето на феминистичката историја, стратегии на отпор и методи на креативен феминистички израз можат да нè зајакнат во борбата против родовата нееднаквост, да ни помогнат во критичкото преиспитување на односите на моќ, родовите релации и нашите сопствени позиции. За таа цел, обуките ги водеа реномирани теоретичарки, професорки, феминистки со обемно искуство и знаење во полињата во фокус на школата: Ирена Цветковиќ, Ана Мартиновска, Елизабета Шелева, Адријана Захаријевиќ, Јани Сунден, Емилија Петреска-Камењарова, Румена Бужаровска, Сузана Милевска, Јана Јакимовска и Кумјана Новакова.

За времетрањето на школата, учесничките /ците имаа можност за практична работа, како и вклучување во тимот на Медуза преку креација и објавување на содржини и по завршување на школата. Како резултат на нивната креативна работа, ќе имаме и фанзин со текстовите на учесничките, којшто дополнително ќе го промовираме.

Top