Инфо

Година

2022

Дата/Време

Четврток 26.05 20:00

Место

МКЦ Клуб и ресторан

Земји учесници

SCT |

Учесници

Борис Геј

Борис Геј

Оформувајќи ја својата фигура по урнекот и сликата за Дорис Деј, Борис Геј е дрег крал од Шкотска кој ќе...

Повеќе

Ангела Стојановска

Ангела Стојановска

Ангела е дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Голем дел од времето го посветува на независната театарска...

Повеќе

Софија Ристевска

Софија Ристевска

Софија Ристевска е театaрска режисeрка од Битола, основачка на независниот театар „Интимен театар“ и една од најредовните раскажувачки на ПичПрич настаните.


Ар тисти

Синопсис

Феминистичка Stand-up комедија со Ангела Стојановска, Софија Ристевска и Борис Геј

Она на што особено му се радуваме е првото феминистичко стендап шоу што ќе се случува на 26.05 во МКЦ Клуб и ресторан. Во линија со овогодинешниот фестивалски фокус и генерално големиот бран на дискусии за субверзивнта моќ на хуморот и комедијата глобално, на стендап ќе ги гледаме Ангела Стојановска, Софија Ристевска и дрег кралот Борис Геј.

Заземањето на овој (неретко) ексклузивно хетеронормативен простор е всушност од суштинско значење за да се наметне гледиштето на оние кои се најчесто мета на подбив. Затоа решивме да овозможиме простор за наративите коишто им се смеат на исмејувачите и отскокнуваат од рамките на „хехе“ хуморот.

 

Top