Нина Горопечник

Нина Горопечник
Уметница

Нина Горопечник (1993) дипломирала во 2017 година на отсекот за вајарство на Академијата за ликовни уметности и дизајн на Универзитетот во Љубљана, кадешто моментално е запишана на постдипломски студии. Таа е дел од помладата генерација уметници кои работат во полето на перформативната уметност. Има одржано самостојна изложба во галеријата “DLUL” (Љубљана, 2020 година) и учествувано на неколку групни изложби, вклучително и во галеријата ЌVerksmiðjan á Hjalteyri” (Хјалтејри, Исланд, 2018), “Layer House” (Крањ, Словенија, 2018) и DA! Фестивал (Загреб, Хрватска, 2017). Во 2019 година, нејзиното уметничко дело беше претставено во галеријата “P74” како дел од проектот “My Story”. Од истата година, таа е член на колективот „Галерија 7:069“, чијшто фокус се дела на помлада студентска продукција.

Top