Ена Курталиќ

Ена Курталиќ
Уметница

Ена Курталиќ дипломирала на Академијата за сценски уметности во Сараево, на отсекот на глума, а на магистерски студии на Академијата за театар, радио, филм и телевизијата во Љубљана и бројните работилници коишто ги има посетено добила дополнителна обука во областа на уметноста на движењето. Таа глумела во бројни претстави во Сараевскиот воен театар и Младинскиот театар во Сараево, филмови (“All about Books, Love & dogs”, “Mama” …) и телевизиски серии („Луд, збунет, нормален“, „Криза“ ). Со Амила Терзимехиќ, авторки се на “Odette & Odile” и заедно имаат настапувано на повеќе европски фестивали (‘’MESS”, “It’s Festival”, “Fusion Festival”, “Skena Up”). Настапува во перформансот Гол живот (2019) во продукција на Виа Негатива.

Top