Инфо

Година

2022

Дата/Време

Среда 31.08 18:00

Место

МКЦ парк

Земји учесници

MK |

Учесници

Александра Спасеска

Александра Спасеска

Александра Спасеска е новинарка, преведувачка и активистка со седиште во Скопје. Работи како заменичка на главниот уредник во КАЈГАНА МЕДИА,...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Зошто е модата феминистичко прашање?

Зелена програма | Предавање на Александра Спасеска: „Зошто е модата феминистичко прашање?“

Модата и феминизмот треба да бидат дел од истиот разговор. Изборот на брза наспроти одржлива мода недвосмислено е феминистичко прашање, бидејќи тоа е избор меѓу систем кој главно се потпира на обезмоќување и искористување на текстилните работнички наспроти систем што овозможува и поттикнува промена кон поголем еколошки интегритет и социјално-економска правда. Јасно е дека движењето кон одржливи модни практики е инхерентно феминистичко прашање. Со почитување на етичките и одржливите методи на производство, ние не само што ѝ помагаме на нашата животна средина, туку помагаме и да ја ублажиме експлоатацијата со која се соочуваат повеќето жени вработени во текстилните фабрики. Обезбедувањето плати за пристоен живот, безбедни работни услови и ублажување на деградацијата на животната средина се начини на кои можеме да помогнеме да ги омоќиме жените кои толку напорно работат за да ја направат нашата облека.

По предавањето се охрабрува неформална дискусија.

~

Пријави се за предавањето и работилницата на овој линк https://forms.gle/G2AVwwfFjRorgSii6

 

Top