Инфо

Година

2018

Дата/Време

Четврток 03.05 21:30

Место

плато пред МКЦ

Земји учесници

MK |

Учесници

ЛезФем

ЛезФем

Лезбејско- феминистичката група – ЛезФем е оформена во рамките на ЛГБТИ центарот за подршка во Скопје. Оваа група е посветена на...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

ЛезФем Слем

ЛезФем Слем

Неформалната група ЛезФем традиционално ја зазема сцената на ПРВО ПА ЖЕНСКО со веќе добро познатиот ЛезФем поетски слем. Пишувањето, споделувањето и славењето на женската поезија е нашиот чин на градење нови, слободни простори и реалности. Очекувајте едночасовен оган на подиумот предизвикан од моќни, гласни, љубовни, квир, борбени и провокативни стихови од женските гласови на градот. Повторно правиме комбо од настапи на нашите познати (и помалку познати) поетеси и специјални гостинки и гости, ЛезФемки, ЛезБучки, ЛезСлемки и Тиииитовки, кои ќе ни ги претстават нивните омилени écriture feminine стихови. Да го отвориме ППЖ 6 со женска поезија! ЛезФем е лезбејско-феминистичка група создадена низ дружења и долги разговори на неколку девојки кои се препознаваат себеси како лезбејки, политички лезбејки, феминистки. Наша цел е зголемување на видливоста и политичката релевантност на лезбејскиот и феминистичкиот активизам и промовирање на свежи стратегии на отпор кон доминантните идеолошки концепти на патријархатот, шовинизмот, хетеронормативноста, национализмот и клерикализмот. Се стремиме кон креирање на автентичен политички глас, трагајќи по различните женски искуства во минатото додека го градиме нивното значење и континуитет денес, како и кон политичка артикулација на секојдневните искуства и социјални релации помеѓу жените, не само емотивни, туку и економски, пријателски, професионални, семејни.

Top