Христина Иваноскa

Христина Иваноскa
MK
Уметничка

Христина Иваноска (р. 1974) е докторантка на академијата за ликовни уметности во Виена. Таа работи интердисциплинарно, истражувајќи ги општествените и политички системи и нивната поврзаност со теоријата и историјата. Има изложувано во Künstlerhaus; <rotor> (Грац), MNAC (Букурешт), State Museum of Contemporary Art (Солун), MOCA (Скопје), Slovak National Gallery (Братислава), NGBK (Берлин), Konsthall C (Стокхолм), Magazin4 (Брегенц), MOCA (Белград) и други места. Со Јане Чалоски беа претставници од Македонија на 56-тото биенале во Венеција во 2015 година. Делото Poor Little Rich Girl (erased past) е основано на фотографии од архивот на уметничката направени во 2002 година. Откривајќи ги дванаесет години подоцна таа сфаќа дека тие го задржале изгледот и сензација на градот кој е загубен засекогаш. Во изминатите години јавниот простор стана игралиште за владата и неолибералниот капитал, и игнорирајќи било каква јавна дебата во многу кратко време тие го окупираа просторот и го преполнија со згради и споменици. Ново подигнатата архитектура дизајнирана во претенциозен еклектичен стил занемарувајќи го модернистичкото минато на градот стана иднината на Скопје. На зголемените отпечатоци од трите избрани фотографии, Иваноска со користење само на акрилна златна боја и бело мастило создаде иконско претставување на изгубениот град, подигајќи го својот индивидуален глас против промените кои го уништија природниот флукс на постоечкиот јавен простор и аурата на центарот на градот.   

Top