Инфо

Година

2022

Дата/Време

Петок 28.10 12:00

Место

Музеј на Република Северна Македонија

Земји учесници

MK |

Учесници

Христина Иваноскa

Христина Иваноскa

Христина Иваноска (р. 1974) е докторантка на академијата за ликовни уметности во Виена. Таа работи интердисциплинарно, истражувајќи ги општествените и...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Документот кој недостига | Изложба на Христина Иваноска

Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија
 
Во петок, 28.10.2022, со почеток од 12 часот, во Музејот на Република Северна Македонија–Скопје, ќе одржи промотивен настан со фокус на сеопфатно истражување на првото македонско женско списание „Македонка - Орган на АФЖ“.
 
Настанот го организира Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), во партнерство со Музејот на Република Северна Македонија и Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.
Настанот соединува две главни содржини:
 
  • изложба на уметницата Христина Иваноска, насловена „Документот кој недостига“. Изложбата е во рамките на програмата на 10-то издание фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСК
  • Тркалезна маса насловена „Перспективи на истражувањето на првото македонско женско списание „Македонка - Орган на АФЖ“: индивидуална, институционална и јавна димензија“.

Оваа јавна дискусија е по повод промоцијата на зборникот на научни трудови во издание на ЦИНИК-Скопје, насловен „Архиви на невидливите: „Македонка - Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија“. Зборникот тематски и критички пристапува на историјата на списанието „Македонка“, а го изготви тим од пет истражувач(к)и, и тоа Ивана Хаџиевска (политичка историја), Јана Коцевска (социјални аспекти), Дарко Леитнер-Стојанов (образовни процеси), Мања Величковска (книжевни аспекти) и Христина Иваноска (уметничко истражување). Во зборникот се застапени релевантни излагања на регионални истражувачки, низ предговорот на д-р Ивана Пантелиќ (Институт за современа историја на Србија, Белград) и поговорот на д-р Јелена Милинковиќ (Институт за литература и уметност, Белград).

Настанот ќе започне со отворање на изложбата на Христина Иваноска (12:00 ч.), по која ќе следува тркалезната маса (12:30 ч.) со панелист(к)ите:
м-р Ивана Хаџиевска, соуредничка на зборникот
Јана Коцевска, соуредничка на зборникот
д-р Дарко Леитнер-Стојанов, автор на зборникот
м-р Христина Иваноска, авторка на изложбата
д-р Јелена Милинковиќ - успешни примери на истражување женска периодика
Вера Бунтеска - поранешна претседателка на Сојузот на борци и современичка
д-р Билјана Котевска - експертка за родова еднаквост и јавни политики
м-р Душица Лазова - соуредничка на Медуза.мк прва македонска дигитална феминистичка платформа
 
Модераторка: Ана Василева
 
Ве молиме пријавете го Вашето присуство на: cinikskopje@gmail.com
 
Настанот се организира во рамки на проектот Архиви на невидливите на ЦИНИК-Скопје, поддржан од Фондација Хајрих Бел и Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Изложбата е во рамки на 10-то издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО во организација на Тиииит! Инк.
Top