Викторија Илиоска

Викторија Илиоска
Македонија
Кореографка

Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Северна Македонија и Германија. Веќе повеќе од една деценија активно работи на програми за поддршка и развој на современиот танц, соработувајќи со институциите и јакнејќи ја независната сцена. Од 2010 година таа е членка на Nomad Dance Academy, преку која работи на поврзување и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија магистрира на оделот по Кореографија и Перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот Јустус Либиг. Поигрувајќи се со различни форми на провокација, нејзината работа често се осврнува на поимите околу работничкиот труд, идентитетот и женската застапеност во јавната сфера.

Top