Инфо

Година

2018

Дата/Време

Четврток 03.05 21:05

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

РС |

Учесници

NEpraktične žeNE

NEpraktične žeNE

Занаетчиското здружение „NEpraktič-ne žeNE“ ги здружува женските, машките и останатите верзии на везени НОВИ КУВАРИЦИ. Именувано е во 2016, а...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Изложба | Куварици

Занаетчиското здружение „NEpraktič-ne žeNE“ ги здружува женските, машките и останатите верзии на везени НОВИ КУВАРИЦИ. Именувано е во 2016, а настанало уште во 2000 година. Членки, членови и останати: Ленка Зеленовиќ, Бригита Меѓо, Сања Стаменковиќ, Пава Мартиновиќ, Весна Ненадов, шкарт, Владан Николиќ и многу други жени и мажи... се прашуваме и прашуваме: - смееме ли баш низ занемерената народна творба, наместо пасивното повторување на традиционалните лекции КАКО ТРЕБА, да зборуваме отворено со јазикот на критичката комуникација за тоа КАКО Е? - можеме ли да направиме спој на различните занаетчиски и креативни искуства во заедничката борба против патријархатот и насилството, а за еднаквоста, солидарноста и правото на глас? -што да им се каже на наведнатите глави? -...а што на заспаните? Кувариците на NPŽ се изложуваат како на жици за пружање алишта, на улични акции, селски панаѓури, така и во училишта и пензионерски домови, како на активистички собири и протести така и во светски галерии, музеи и саеми за дизајн. Преведени се на англиски, шпански, полски, германски, француски, корејски, јапонски, а сега и на македонски; се читаат на поетски вечери и во бањи за рехабилитација; достапни се за различна публика и секогаш во потрага по нови прашања и нови коментари.

Top