Инфо

Година

2018

Дата/Време

Недела 06.05 20:00

Место

Кино Фросина

Земји учесници

MK | MK |

Учесници

Биљана Тануровска Ќулавковски

Биљана Тануровска Ќулавковски

Биљана Тануровска Ќулавковски 


Ивана Васева

Ивана Васева

Ивана Васева 


Ар тисти

Синопсис

Перформанс: „Како мојот живот стана културен работник - културните работници ја заземаат сцената“

Недостатокот од работни услови кој продуцира непостојан, несигурен или прекаријатен начин на работа и постојаната преокупација со професионалните ангажмани е една од главните теми на овој специфичен перформанс кој има за цел да ги нагласи и истакне условите и контекстот во кој работат самостојните културни работници. Содржината се базира на истражувањата околу работните услови во полето на културата, базирано на компаративни анализи во земјите во регионот и пошироко, со цел да се нагласат потребите за промени во „Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средства на републичкиот буџет, на самостојните уметници“, како и во Законот за култура. Биљана Тануровска Ќулавковски е културна работничка, предавачка, консултантка, истражувачка, менаџерка во културата, и кураторка. Таа е соосновачка и извршен директор на НВО „Локомотива“ од 2003 година, и еден од соосновачите на „Кино Култура“ и на „Номад Танц Академија“ – регионална платформа за развој на современиот танц. Ивана Васева e кураторка, истражувачка и авторка. Ги курирала и продуцирала последните пет изданија на Фестивалот за современи уметности АКТО, работела на темите на важноста од архивирањето и музејските колекции, на регионалниот истражувачки проект „Кога зградите би зборувале“ и на платформата „Култура за граѓански промени“.

Top