
Учесници

BikeStop
Синопсис
Работилница за поправање точаци за девојки
Другарки, првата година на ПРВО ПА ЖЕНСКО научивме да веземе, втората дознавме што е фанзин и како се прави. Скејтот ни е веќе совладана техника, а од лани знаеме да цртаме и стрипови. Оваа година заедно со Бајкстоп ќе се надоградиме со уште една вештина - како да си го поправиме и одржуваме точакот за да нè служи долго. Менување и лепење гуми, подмачкување ланци, затегање и што сè не!
Придружи се на иницијативата за еко-превоз и дојди на ПРВО ПА ЖЕНСКО со твојот точак!