Инфо

Година

2017

Дата/Време

Петок 19.05 19:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

SWE |

Учесници

Сандра Дален

Сандра Дален

Сандра Дaлен (Шведска) веќе 20 години работи како секс-едукатор - предавач, тренер и писател. Во 2002 год. ја напиша првата...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Предавање | Сандра Дален - Вагинален секс

 

Ова предавање ќе биде засновано на новата книга на Сандра, за вагинален секс (на шведски : Hallongrottan - en bok om slidsex) која ќе биде издадена во август оваа година. Книгата го става акцентот на вагината (внатрешниот дел на женските гениталии) и го воведува новиот термин “вагинален секс” сè со цел да ни го прошири видикот за тоа како функционира вагината и каков може да биде сексот. Насекаде во светот луѓето знаат толку малку за вагината, а практикуваат вагинален секс или поточно практикуваат вагинален однос. Ова е всушност ограничен поим кој ја опфаќа пенетрацијата на пенисот во вагината, и не ги опфаќа стимулацијата со прсти во вагинатата ниту пак стимулацијата на клиторисот за време на односот. Како последица на ова, многу жени искусуваат болен однос и имаат тешкотии при постигнувањето оргазам. Ова е првата книга во светот која се фокусира на вагината и вагиналниот секс, а предавањето ќе биде насочено кон тоа како да се ужива во сексот, без разлика на сексуалната ориентација и на тоа дали сме сами или со друг(а).

 

Top