Инфо

Година

2017

Дата/Време

Сабота 20.05 21:30

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

МК | MK | Хрватска | Србија | Словенија |

Учесници

Contact59

Contact59

Contact59 е алтернативен бенд од Скопје, формиран од пред скоро две години. Свират слободна и разновидна музика. За себе велат...

Повеќе

King's Peach

King's Peach

King's Peach е дуо од Скопје, кое постои од 2016 г. Нивниот жанр постојано варира. Мартина Баракоска свири тапани и...

Повеќе

SEINE

SEINE

SEINE (Хрватска) е кантавторски проект на Иван Шчапец, поранешен член на панк-поп колективата Власта Попич. Со неколку изданија (од ЕР...

Повеќе

Bitipatibi

Bitipatibi

Музиката на Bitipatibi (Србија) е едно од оние несекојдневни случувања на културната мапа на градот за кои не постои објаснување....

Повеќе

КУКЛА

КУКЛА

КУКЛА (Словенија) е самопрогласена словенска гангста геиша поп-бенд трансформерка, инаку музички проект на Кукла Кешеровиќ. Пеејќи најчесто за оружје и...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Концерт | King's Peach, Contact59, SEINE, Bitipatibi, КУКЛА.

Contact59


Contact59 е алтернативен бенд од Скопје, формиран од пред скоро две години. Свират слободна и разновидна музика. За себе велат дека не би се дефинирале сè уште во еден жанр. Моментално се сконцентрирани на својот прв албум. До сега имале неколку настапи во Скопје, и со секој концерт стануваат сè подобри. 

 

King's Peach 


King's Peach е дуо од Скопје, кое постои од 2016 г. Нивниот жанр постојано варира. Мартина Баракоска свири тапани и клавијатури, а Ерик Омерагиќ бас, гитара. Вистински и фер играчи, свежи праски на кралот и верници на храмот наречен МКЦ. 

 

SEINE


SEINE (Хрватска) е кантавторски проект на Иван Шчапец, поранешен член на панк-поп колективата Власта Попич. Со неколку изданија (од ЕР до албум во живо), овој панкерски акустичен бенд има одржано голем број настапи на Балканот. Во моментов, работат на новиот албум, а датумот на издавање е најавен на есен. Во меѓувреме имаат најавено две европски турнеи и уште една all-over-the-place по излегувањето на албумот. 

 

Bitipatibi


Музиката на Bitipatibi (Србија) е едно од оние несекојдневни случувања на културната мапа на градот за кои не постои објаснување. Ги препознаваме по монотониот звук кој во себе ја крие сета фрагилност на вокалистката Уна, најголемото богатство на овој бенд, кој постојано изнаоѓа нова сила да се изнанади и себеси и слушателите со необични решенија, структури и аранжмани. Веројатно тоа е она што го нарекуваме оригиналност - треперливата сонувачка моќ која со себе ја носат Битипатиби, тоа тивко ветување за нешто големо. Белградската неопсиходелична сцена никогаш не звучела подобро! 

 

КУКЛА


КУКЛА (Словенија) е самопрогласена словенска гангста геиша поп-бенд трансформерка, инаку музички проект на Кукла Кешеровиќ. Пеејќи најчесто за оружје и љубов, Кукла е во постојана војна со себе и со надворешниот свет. 
Придружувана од два придружни вокала и ВиЏеј кој ja збогатува препознатливата музика со возбудливи визуелни ефекти, таа на сцената ги спушта своите штитови и ни го дава срцето на чинија. Добар апетит! 

Top