Инфо

Година

2016

Дата/Време

Петок 11.03 18:00

Место

Кино Фросина

Земји учесници

ИТ |

Учесници

Алина Мараци

Алина Мараци


Ар тисти

Синопсис

Филмска проекција

„Се за тебе“ на Алина Мараци (Италија), во соработка со студентите на Катедрата за италијански јазик при УКИМ Филолошки факултет - Скопје.


Плодната соработка меѓу студентите од катедрата за Италијански јазик и Тиииит! Инк. продолжува да се остварува и понатаму! Минатата година имавме можност да го проследиме филмот „Сакаме и рози“, на оваа италијанска режисерка, чиј превод го овозможија студентите. Неуморните студенти оваа година го преведоа филмот на Алина Мараци „Се за тебе“, кој раскажува приказна за невообичаената жена во своите 60ти, Полина, која се враќа во својот роден град за прв пат по 50 години. Заради потребата од персонал во центарот за поддршка на идни и млади мајки кои страдаат од пост натална депресија, Полина ја дава својата помош во центарот и притоа станува сведок на голема архива на материјали поврзани со мајчинството. Полина ја започнува својата работа со архивата навлегувајќи длабоко во контроверзниот материјал кој сведочи за искуствата што жените ги имале во односите со своите деца.

Top