Инфо

Година

2016

Дата/Време

Петок 11.03 21:00

Место

Кино Фросина

Земји учесници

MK | MK |

Учесници

Румена Бужаровска

Румена Бужаровска

Румена е авторка на збирките раскази Чкртки (Или-или, 2007), Осмица (Блесок, 2010) и Мојот маж (Блесок, 2014), како и на...

Повеќе

Ана  Василева

Ана Василева

Ана Василева е активистка за женски права и член на здружението Бори се женски, која живее и работи во Скопје, Р....

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Гала Вечер на раскажување женски приказни | ПичПрич

Одамна не сте слушнале жени како раскажуваат?

Мислите дека жена не може да раскаже приказна во десет минути, без да ја прекинете или да направи дигресија? Тогаш дојдете на гала вечерта на раскажување приказни Пичприч/PeachPreach, каде што ќе имате можност да уживате во раскажувањето на неколку бестрашни и истакнати жени од нашето секојдневие, и тоа за нивниот „Прв пат кога...“ – секоја, се разбира, по своја интерпретација на зададената тема. Изборот на гостинки е изненадување, како што се и самите приказни, за кои ветуваме дека ќе ве заскокоткаат и ангажираат ем општествено, ем емоционално.

За концептот и беспрекорната реализација на програмата се виновни Ана Василева и Румена Бужаровска.

Top