
Учесници

ЛезФем
Лезбејско- феминистичката група – ЛезФем е оформена во рамките на ЛГБТИ центарот за подршка во Скопје. Оваа група е посветена на...
Повеќе
ХЕРА
ХЕРА предводи граѓанска акција и поттикнува општествена промена за остварување на сексуалните права и за овозможување подобро образование и услуги...
ПовеќеСинопсис
Кој се плаши од родот онлјан?
Кој се плаши од родот онлјан?
Говорници: Јована Ананиевска, ХЕРА; Маја Мрмова – ХЕРА волонтер; Биљана Гинова – ЛезФем; Наташа Бошкова – Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани групи“
Модератор: Ана Поп Стефанија – ХЕРА
Што е толку страшно во тоа да се зборува за сексуалното и репродуктивно здравје и права?
За родовата (не) еднаквост и „женските“ прашања? Зошто мажите сметаат дека тие треба да решаваат наместо жените за нивните права? Зошто сликата на двајца мажи кои се држат за рака е „застрашувачка“, а на две девојки - не? Зошто секоја од овие теми предизвикува лавина од коментари онлајн? Низ презентација на досегашното искуство со настани и кампањи кои се занимаваат со темите на род, сексуално и репродуктивно здравје и активизам, говорниците ќе се обидат да дадат одговор што е она што предизвикува „бура“ онлајн секогаш кога ќе се спомене сексуално и репродуктивно здравје. Зошто овие теми се сè уште контраверзни, што е она што најчесто предизвикува реакција, какви групи на луѓе коментираат, кои се најчестите коментари, што го карактеризира говорот на омраза кој неизбежно се појавува?