Инфо

Година

2016

Дата/Време

Сабота 12.03 23:00

Место

Денсинг сала

Земји учесници

МК | MK | USA |

Учесници

 Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од...

Повеќе

Илина Ангел

Илина Ангел


DJ ALINKA

DJ ALINKA


Ар тисти

Синопсис

ЖЕНСКИ ЖУР | DJ Alinka

 

ЖЕНСКИ ЖУР, Денсинг сала DJ ALINKA (Chicago, USA), Ilina Angel и Ивана Драгшиќ/Нada Blam (Македонија)

 

Прво па женско оваа година ви ја претставува DJ ALINKA. Алинка доаѓа од Чикаго, местото на настанокот и трансформацијата на културата која комплетно го промени живеењето во град, и во себе дефинитивно ги носи и промовира тие вредности - квалитетна музика, безбедно место за отфрлените и слобода да се биде свој/а. Нејзините ди-џеј сетови претставуваат рафинирана селекција на нова и стара и ретка хаус музика, соодветно зачинета според пригодата. Во денешната состојба на тотална достапност на опрема за правење музика и хипер-продукција, Алинка слободно можеме да ја наречеме чуварка на вистинската хаус музика.

Кога сме веќе кај тоа, Ilina Angel верно ги чува жешки и квалитетни македонските подиуми уште од 2003 год. и претставува една од највредните личности на сцената. Таа е професионална, практична, креативна и со беспрекорна селекција на најсовремената музика која можете да ја чуете низ скопските клубови и на „Музика за млади“ на Канал 103.

Ивана Драгшиќ, трпеливо и непретенциозно дојде до своето место на клубската сцена, градејќи го со својата селекција на музика која содржи современа продукција, засилена со ретки електронски изданија од различен жанр. Нada Blam е нејзината хаус инкарнација, поради чувството на посебност и славење на оваа култура.

Top