
Учесници

HAVEIT
HAVEIT e колектив од четири млади уметници (комбинација од два пара сестри- Хана и Веса Кена и Лола и Алкета...
Повеќе
BeFem
БеФем е феминистички културни центар од Белград, Србија. Нивната визија гласи: "Солидарно, равноправно и ненасилно друштво у ком свака особа може...
ПовеќеСинопсис
Женска Соба | Презентации
ЖЕНСКА СОБА - презентации кино Фросина, фоаје на кат 13.00 HAVEIT
13:00 HAVE IT
Ако воопшто успеете да си ги средите впечатоците од нивниот перформанс, па и ако не успеете, повелете во Женската соба да ги запознаете и да поразговарате со девојите од Haveit кои тука ќе ги претстават своите перформанси Ekzaminimi, Without water, fountains everywhere, Je suis glamour и Classical Mechanics.
16.00 BeFem
BeFem е фестивал на феминистичката култура и активизам од Белград, кој ја промовира идејата и политиката на феминизмот, ги анимира младите девојки и жени да се вклучат во работата на сцената и да дадат свој придонес во ре/конструкцијата на реалноста. Сања Селишкар и Јована Нетковиќ ќе ни раскажат повеќе, а заедно ќе го погледнеме и краткиот документарен филм на Неда Костиќ за фестивалот кој настана во 2009 година како потврда на континуитетот на феминистичко делување на овие простори и оттогаш отвора нови полиња за акција низ дијалог и иницијативи на феминистки со различна историја зад себе.