Калина Малеска

Калина Малеска
МК
писателка

Калина Малеска е македонска писателка, преведувачка и професорка. Има објавено три збирки раскази: Недоразбирања (Македонска книга 1998), Именување на инсектот (Слово 2008) и Мојот непријател Итар Пејо (Или-Или 2016); романите: Бруно и боите (Слово 2006) и Призраци со срмени нишки (Слово 2014); драмата Случка меѓу настани (Слово 2010) и книгата за деца Арно ама (Или-Или 2018). Повеќе домашни и меѓународни списанија имаат објавено нејзини раскази и книжевни анализи. Малеска предава неколку предмети од англофонската книжевност и современа утописка и дистописка мисла во литературата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како кижевна преведувачка, има преведено многу дела, меѓу кои: Она што беше небо на Владо Малески, Тристрам Шенди на Лоренс Стерн, Сестрите Макиока на Џуничиро Танизаки, Собрани раскази од Амброуз Бирс, Волшебникот од Оз од Л. Ф. Баум.

Top