Сара Миленковска

Сара Миленковска
МК
учесничка

Сара Миленковска е феминистка, модел, политиколог и сите контрасти кои им се противат на општествените норми и идеи за нејзината слобода. Коосновачка е на мрежата за менторирање Стела, а моментално работи во редакцијата на Нова ТВ и како авторка на содржини во Медуза, првата феминистичка платформа во Северна Македонија. Израсната е со поезија и театар, па ги користи како алатки за менување на реалноста. Најзначајна и е индивидуалната потреба за еманципација на жените и креирање на родово еднаква заедница. Нејзиното огромно искуство во активна дебата, натпревари и подоцна предавање на дебата за помладите генерации ѝ помогна во јавното справување со клучни општествени проблеми. Граѓанскиот активизам, од друга страна пак, ја насочува да ја разбере потребата за директна демократија и активно учество на граѓан(к)ите во демократските процеси.

Top