Кристина Алексова

Кристина Алексова
Уметница

Кристина Алексова (1984, Љубљана) го има завршено својот балетски тренинг на Љубљанскиот балетски и музички конзерваториум и е член на балетскиот ансамбл во Словенечкиот народен театар опера и балет во Љубљана, а подоцна и во Операта на Грац, Австрија. Во балетскиот ансамбл Љубљана била дел од бројни претстави како солистка, а има кореографирано и две свои претстави: “Children from the Edge of Reality” и ‘’How deep is your (w)hole” (со Жива Петрич).

Во 2017 година го напушта Љубљанскиот ансамбл и започнува да работи хонорарно во областа на изведувачките уметности и современиот танц. Како редовен член на VN Lab, има создадено неколку независни проекти, меѓу кои и “The Heart”, соло изведба што може да трае или како 3-дневен настан или 60-минутен извадок.

Top