Инфо

Година

2019

Дата/Време

Сабота 11.05 17:00

Место

Женска соба | фоаје Фросина, на кат

Земји учесници

Шведска |

Учесници

Марика Смит

Марика Смит

Марика Смит е секс инспираторка, советувачка, предавачка, фриленс писателка од Стокхолм и специјалистка во полето на сексот и љубовните врски....

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Работилница за секс играчки со Марика Смит

Оваа  интерактивна работилница за еманципирање на женската сексуалност има за цел да нѐ поттикне да бидеме љубопитни за сексот и да ни укаже за значајноста на сопственото задоволство и енергијата која ја вложуваме во него. Иако работилницата е главно наменета за жени или не-бинарна публика, значајно е да се нагласи дека повеќето наши сексуални функции, емоции и потреби се исти, без разлика на нашите гениталии и род. За време на работилницата ќе развиеме нови начини на размислување за сексуалноста, ќе слушнеме за искуствата на другите, ќе пробаме како е да се носи strap-on, ќе вежбаме и ќе се предизвикаме себеси да одговориме на некои прашања и со тоа да ја зајакнеме својата самодоверба. 

Марика Смит е секс инспираторка, советувачка, предавачка, фриленс писателка од Стокхолм и специјалистка во полето на сексот и љубовните врски. Концептот за кој зборува во својата работа го нарекува Секспирација, бидејќи главната идеја е да се искористат позитивните аспекти од сексот за да се инспирираат луѓето да учат и да се развиваат така што ќе се чувствуваат подобро во врска со својата интимност и вљубеност. Марика дипломирала етнологија на Универзитетот во Стокхолм, специјализирајќи со применувањето на неколку културни перспективи на сексуалноста, како BDSM, културното наследство и консумацијата. 

Top