ЅРЕТИ

ЅРЕТИ е современ македонски бенд создаден во јуни 2018 година. Од спонтаното тридневно творење во Прага, произлегува нивното прво ЕП издание „Слатки, мали музики“, објавено во август 2018 година во Скопје. Ѕрети почнуваат како дуо, за брзо да прераснат во четиричлен бенд: Сања Јакимова (вокал), Владимир Владимиров (гитара), Бојан Јанков (бас) и Давид Стојкоски (клавијатури). Трите синглови од албумот, Планини, Ветар и О, ослободи се нивен обид за пресликување на „една удобна и интимна атмосфера во период во кој решаваат да ја ослободат својата инспирација“.

Top