Инфо

Година

2019

Дата/Време

Недела 12.05 18:00

Место

Џебно кино

Земји учесници

МК |

Учесници

Театар Сенки и облаци

Театар Сенки и облаци

Театарот Сенки и облаци е дружина сенкаши која од далечната 2005 година ненаситно создава претстави со сенки наменети за големи и мали...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

КОНТРАБАЈКА | Театар Сенки и облаци

Детска програма: Театарска претстава за деца

„Контрабајка“

Театар Сенки и облаци

 

Пеперутката Хана мисли дека природата не направила вистински избор кога ѝ го доделувала името. Таа знае дека би била баш среќна кога би се претворила во Скакулецот Џони. Преку антените ѝ е веќе дојдено од часовите по балет. Тајно ги дипли своите крилја и почнува да оди на свирки и се бутка во „шутки‟. Нејзината најверна другарка мравката Маја ѝ соопшти дека сето тоа нема да ѝ оди така лесно, но Хана е пеперуткка бесна и гајле си нема. Од оваа пролет се вика Џони и точка со извичник!

 

Претставата ќе се создава во рамки на тридневна работилница за деца (и возрасни) на која заеднички ќе се работи на развој на ликовите и приказната, така што децата, покрај тоа што ќе научат како се прави театар на сенки, со своите лични искуства, ставови и мислења ќе имаат директно влијание врз елементите на драмското дејство.

 

Театарот Сенки и облаци е дружина сенкаши која од далечната 2005 година ненаситно создава претстави со сенки наменети за големи и мали деца. Од минатата година има свој дом – самоодржлив независен простор (театар) во срцето на Дебар Маало, кој располага со сцена за настани од мал формат и изложбен простор отворен за сите заинтересирани организации и индивидуални уметници. Оваа екипа уметници има мисија да создаде мобилна и независна театарска платформа која преку стариот медиум ќе истражи нови начини на изразување и ќе допре до публиката надвор од институционалната уметност. Додека бара нови алатки, звуци и сенки, театарот бележи бројни соработки со визуелни уметници и изведувачи од други бранши, како и значајни гостувања во Турција, Бразил, САД, Русија, Грузија, Шпанија, Германија, Холандија, Франција, Грција, Србија итн.

 

 

 

 

 

Top