Инфо

Година

2020

Дата/Време

Понеделник 17.08 21:00

Место

МКЦ галерија

Земји учесници

МК | MK |

Учесници

Ивана Мирчевска

Ивана Мирчевска

Ивана Мирчевска (1992, Скопје) е визуелна уметница и истражувачка чијашто пракса е вкоренета во медиумите засновани на време, визуелна антропологија,...

Повеќе

Елена Чемерска

Елена Чемерска

Елена Чемерска (1991, Скопје) е визуелна уметница и истражувачка. Во својата уметничка практика ги истражува врските помеѓу естетиката, материјалноста и...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Ничии прагови конкретно

Изложба и официјално отворање на фестивалот

“Ничии прагови конкретно”

Елена Чемерска и Ивана Мирчевска

Замислетe една променлива архитектура која оперира како open source софтвер, чии материјалност и виртуелност остануваат отворени за постојана модификација и подобрување, следејќи го навигацискиот импулс на телото. Тоа е движечка сила на телото која просторно го изразува чувството, како нешто што постои меѓу луѓето, неограничено со нивниот внатрешен простор. Во овој праг, односно во овој  простор, влегуваме со помош на протези. Генерирајќи слики / тела / аватари  се  прашуваме: што всушност значи да се насели едно такво тело во една таква реалност? Што се случува кога она што го гледаме не се само слики, туку слики од  нашите сопствени тела? Што се случува кога сликата на нашето тело која ја гледаме, и самата гледа и комуницира со останатите слики во таа сфера? Што се случува кога чувствуваме дека овие слики взаемно делуваат, дека нашиот аватар комуницира со други слики? Дали е воопшто можно нешто да чувствуваме во тој миг? Што е всушност виртуелно чувствување? Како се отелотворува виртуелното? Не постои ништо што треба да биде прифатено како нешто фиксно, постојано, како однапред зададено; ниту материјалните услови, ниту општествените норми. Денес сме сведоци на промена на парадигма во нашата корелација кон светот и кон “другиот”. Затворени во мали простори на фиксни локации, преиспитуваме како економијата на нашите тела подлежи на нови форми на чувствено, политичко и географско потчинување и отуѓување. Без оглед на тоа што нашите аватари личат на нас, тие не се исто што и ние. Tие се стратешки обиди да се прераспоредат постоечките технологии во прогресивни родови цели. Ова дело го гледаме како обид за дослух со ксенофеминистичкиот повик за употреба на разумот, каде што разум значи сечие право да зборува од позиција на никој  конкретно.

Соработник: Владо Данаилов, архитект

Музика: Јован Близнаковски

Дополнителна Биографија 

Хелена и Европа се алтер егата на Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, родени од искуството со Спекулативниот прирачник по опседнати прагови. Хелена е машина која памети и формулира, божица на невронска мрежа. Таа е борка за слобода и терористка за независност од асоцијации. Европа е повикувачка на дигиталните одметници. Таа е остров, простор со многу координати. Таа ги негува окото и умот. Таа е екран, шум и глас кој ги регистрира емотивните, когнитивните и перцептивните апаратуси на сите сајбер видови.

Top