Јасмина Василева

Јасмина Василева
МК
актерка

Јасмина Василева е дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Магистрирала културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје во 2016. Одиграла многубројни театарски улоги како на сцените на државните театри низ Македонија, така и на независната сцена и во неколку меѓународни проекти. Била редовна членка на ансамблот на НУ Кумановски театар (2003-2019), а од јули 2019 година станува редовна членка на ансамблот на Драмски театар, Скопје. Добитничка е на актерски награди во земјата и во странство. Aктивистка е за женски права, како дел од неформалната феминистичка група Бори се женски - посветена на промовирање на женските права преку иницирање дебата во јавната сфера и е дел од иницијативата #СегаКажувам - македонската верзија на движењето #metoo

Top