Инфо

Година

2020

Дата/Време

Четврток 20.08 18:00

Место

Град Скопје

Земји учесници

МК |

Учесници

 Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

WoW Program | Мапирање на женското културно наследство

Скопје 2020 (ж.) е градска пешачка тура која раскажува друга приказна за настанувањето, просторното планирање, политиките и животот на/во градот Скопје. Наратив оптеретен од неразумноста и штетноста на хетеропатријархатот, но и во директен судир со него. Се среќаваме на пресекот помеѓу познатите географски локации со формалната историја, современите политички искуства и женски приказни и се одучуваме дека машки политички квази-воени фигури и други авторитети. Градот, општеството и културата ги градат вештини, знаење и политики создадени токму на маргините и под (не)видлив мачо притисок. Турата ќе ја води Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од Плоштад Слобода работат на медиумски проекти, истражувања и развој на политики и пишуваат за градското планирање и јавниот простор, урбаното зеленило, учеството на граѓаните, управувањето со ресурси, како и на други теми вткаени во политиките како што се: феминизам, екологија, култура и институции. Драгшиќ е уметница - аматер и изведувачка и пушта музика на радио и во клубови како ДиЏејка.

Top