Инфо

Година

2020

Дата/Време

Сабота 22.08 20:00

Место

МСУ плато

Земји учесници

MK | МК | МК |

Учесници

Кристина Ампева

Кристина Ампева

Кристина Ампева е активистка за остварување на правата на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија и претседателка на здружението „Гласен текстилец“ од Штип.


Кристина Божурска

Кристина Божурска

Кристина Божурска (1984, Куманово) е уметница, културолог и наставничка по уметност во Quality International School of Skopje. Работи во полето на...

Повеќе

PrivatePrint

PrivatePrint

PrivatePrint е издавачка куќа за уметнички книги од Скопје, С. Македонија. Почнувајќи од 2016 година, работата на PrivatePrint е посветена...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

15 Horror Stories by Women Workers

 

Промоција на книга

15 Horror Stories by Women Workers на Кристина Божурска, во издание на PrivatePrint 

15 Horror Stories by Women Workers е уметничко-документарен проект на Кристина Божурска, во издание на PrivatePrint. Книгата е составена од 15 сведоштва на работнички придружени со цртежи изработени од авторката. Пристапот на Божурска во ова дело е новинарски, со собирање на автентични изјави на работничките. И дизајнерски и по содржина, ова издание носи естетика на симболичен памфлет кој ги шири гласовите на овие жени и со тоа развива можност уметничкиот ангажман да добие нова, промислена форма и реално да придонесе за решавање на проблемот којшто го третира. Оваа книга, е првенствено замислена и реализирана како проект за собирање средства за поддршка на обесправените работнички во Северна Македонија. Со секој купен примерок се придонесува и кон работата на здружението „Гласен текстилец“ од Штип, чиишто активности се насочени кон подобрување на условите на работничките во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. За книгата, целиот проект, како и за сведоштвата и проблемите што тие ги отвораат, ќе разговараат авторката Кристина Божурска, Кристина Ампева - претседателка на „Гласен текстилец“ и основачите на PrivatePrint и уредници на изданието - Илија Прокопиев и Марија Христова.

 

 

Top