Кристина Божурска

Кристина Божурска
МК
уметница

Кристина Божурска (1984, Куманово) е уметница, културолог и наставничка по уметност во Quality International School of Skopje. Работи во полето на социјалната уметничка практика, која се основа на социо-политичко набљудување. Во својата уметничка работа користи мноштво техники и материјали, вклучително и реди-мејд, сликање, цртање, текст и видео. Како уметница престојувала во ISCP во Њујорк и учествувала на курсот Arte Utile предводен од Танија Бругера на Летната уметничка академија во Салцбург во 2013 година. Добитничка е на неколку награди: најдобро- то видео во категоријата Nano Minute на Меѓународниот фестивал за видео во Бразил, 2008 година; (YVAA) „Денес“, награда за млад уметник за 2010 година.

Top