Инфо

Година

2020

Дата/Време

Недела 23.08 20:00

Место

МСУ

Земји учесници

BIH |

Учесници

Селма Селман

Селма Селман

Селма Селман (1991, Бихаќ, Босна) дипломирала на Факултетот за сликарство во Бања Лука на отсекот за Ликовни уметности (2014), и...

Повеќе

Ивана Ивковиќ

Ивана Ивковиќ

Ивана Ивковиќ (1979) е кураторката на изложбата Без Простор. Континуирано изложува од 2006, интернационално, самостојно и групно, низ повеќе галерии,...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

WoW Program | "БЕЗ ПРОСТОР" на Селма Селман

20:00 МСУ

Изложба на Селма Селман (БиХ)

* отворање на изложбата и официјално затворање на фестивалот

 

Изложбата Без простор на Селма Селман ја проблематизира особено деликатната и секогаш присутна тема на просторот: личен, колективен, телесен, ментален, емотивен, политички, женски, нерационален, креативен, реален, внатрешен, простор за емпатија, простор на преиспитување и преживување. На сцената во Хамбург, Селма и нејзиното семејство го растураат на делови големиот симбол на капиталистичкото општество – „Мерцедесот”, притоа демонстрирајќи ја, преку матрикс естетитка, здружената работа за преживување, како на семејството, така и на уметничката пракса. Кај Селма,  секојдневниот живот е секогаш во фокус, таа свесно се изложува и залага, а нејзината борба, како и преиспитувањето на личните убедувања, постојано се поместуваат од лежиштето. Изложбата Без Простор е нејзиното изложување.

Сцените на перформансите на Селма се монументални: здружен ангажман на едно искусно семејство да го растури на делови она што во капиталистичкото општество за многумина претставува израз на самодоверба, чувство на успех и доказ на вредност. Одземајќи му ги овие одлики на етаблираниот симбол, растурајќи автомобили на  делови од чиешто продавање преживува семејството, Селма и нејзиното семејство остваруваат алхемиски процес кој ги поврзува меѓусебно. 

Уметничките дела на Селма се интимни, речиси семејни. Таа често и говори со гласот на своето семејство, кое ги следи нејзините храбри чекори на осознавање на системот и истапување од него. Се работи за тимска работа и заедништво. 

Творештвото на Селма се карактеризира со интимност, јасност и моќност – овие карактеристики се и принципите според кои е поставена и изложбата Без простор во Музејот на современа уметност во Скопје. Просторот на музејот станува деликатна  кино сала во која класичните кино-седишта се заменети со стари седишта искорнати од утробите на Мерцедес автомобили. Седиштата така создаваат посебна инсталација која кореспондира со проекцијата на филмот Мерцедес матрикс. Оваа прецизна и соодветна интервенција истовремено претставува и продолжение на филмот, т.е. на перформансот во физичкиот простор на галеријата, односно нашата заедничка и реалноста на Селма. Иако бројот на седишта е ограничен, со начинот на кој Селма ѝ пристапува на публиката од сцената на нејзиниот живот, ни порачува дека ќе има простор за сите, барем за оние кои се доволно храбри и желни да го запознаат.

Top