Учесници
БеоАрт
Agencija Beo art iz Beograda je agencija koja se bavi menadžmentom u kulturi, kako plasmanom pojedinih predstava, tako i produkcijom...
ПовеќеСинопсис
Кралици, БеоАрт во соработка со МОТ+
Текст: Дарко Лукиќ
Режија: Бранислав Трифуновиќ
Актерки: Милица Јаневски, Милица Трифуновиќ, Тијана Марковиќ
Продукција: Бео Арт
Барајќи подобро платена работа, Мима и Хела доаѓаат кај Леа. Првично мислат дека ќе работат како танчерки, но набрзо сфаќаат дека Леа од нив очекува многу повеќе. „Кралици“ на Дарко Лукиќ на повеќе полиња и со различни жанровски предзнаци ги промислува проблемите на шовинизмот, војната, достоинството на интелектуалецот, пријателството, љубовта, духовноста… и прашањето што се е подготвен човекот да направи за да преживее? Толку сум голема и моќна, што и сонцето мора да ме слуша. Наредив да застане точно на пладне и еве го, стои…. Ќе останам засекогаш млада, зашто времето стои. Наредувам да се заѕидаат прозорците на мојата спална соба за да можам да спијам. Млад отворен театар е најголемиот меѓународен театарски фестивал во Македонија, кој оваа година ќе го има своето 43-то издание. Соработката на фестивалот со ПРВО ПА ЖЕНСКО е дел од придружната програма МОТ+.