Инфо

Година

2021

Дата/Време

Среда 16.06 13:00

Место

кафе книжарница Буква

Земји учесници

МК | MK |

Учесници

 Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од...

Повеќе

Ивана Хаџиевска

Ивана Хаџиевска


Ар тисти

Синопсис

Промоција на книга „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“ (WoW Places)

„Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“ (WoW Places)

Изработката на оваа публикација е иницирана во 2020 година во рамки на партнерскиот проект „Жени за жени“ (Women on women – WoW Project), спроведен со сестринските организации од Љубљана (Mesto Žensk) и Загреб (VoxFeminae). Книгата претставува своевиден водич по географијата на Северна Македонија, но и низ темпоралните врвици на жените кои учествувале во нејзините главни историски текови. Овој водич всушност ве води на 25 места на труд, успех, уживање и страдање; по градови и села, полиња и фабрики, училишта, маала, сиропиталишта, болници, формални места и неместа, места на власт или обезвластеност во јавната и приватната сфера во нашата земја, за кои сосем малку читаме од специфично женска перспектива. Овие жени и места, како и приказните што ги спојуваат, не се паралелни или секундарни наративи, туку една од двете историски артерии во срцето на нашето денешно општество, често изоставена од историите на градење и уривање на многу локални светови.  

 

Публикацијата ќе ја промовираат авторките на текстовите содржани внатре: Ивана Драгшиќ, Ивана Хаџиевска и Јана Коцевска. 

Top