Инфо

Година

2022

Дата/Време

Среда 31.08 19:00

Место

Земји учесници

MK |

Учесници

Александра Спасеска

Александра Спасеска

Александра Спасеска е новинарка, преведувачка и активистка со седиште во Скопје. Работи како заменичка на главниот уредник во КАЈГАНА МЕДИА,...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Како да изградите одржлива капсулна гардероба?

Денешното општество нè повикува да консумираме со сè побрзо темпо и инстантно да ги добиваме производите кои ни се потребни. Благодарение на масовното производство, можеме да си дозволиме едноставно да ги фрлиме производите што веќе не ги сакаме и да ги замениме веднаш со минимално влијание врз нашиот буџет. Резултатот на ваквиот консумеристички пристап се производи дизајнирани со пократок животен век и со послаб квалитет.

Брзата мода се „протна“ во нашите животи бидејќи цената на облеката што ја нуди е толку мала, што потрошувачите се во искушение да купуваат нова облека со секој нов тренд, а во меѓувреме ја фрлаат без многу размислување старата облека која не им значи веќе ништо. Бавната мода е алтернатива на брзата мода и промовира побавен, одржлив пристап. Охрабрува купување винтиџ или облека од втора рака, редизајн на старaта облека, купување од помали, локални производители и дизајнери, и купување квалитетна облека со подолг век на траење. Тука стапува на сцена концептот на одржлив плакар.

Создавањето капсулната гардероба можеби ќе биде малку подолг процес и можеби на почетокот ќе се чувствувате дека е „преголем залак“, но не се обесхрабувајте. Ќе ви треба малку време да го исчистите плакарот од облеката што никогаш не ја носите.

Сакате да научите како да се грижите подобро за облеката што веќе ја имате? Што е Пирамида на одржливоста? Што е капсулна гардероба? Кој модел ми одговара мене?

Дојдете да разменуваме искуства и да стекнуваме вештини на Работилницата што ќе се одржи во склоп на Разменотеката на облека на ППЖ #10.

~

Пријави се за предавањето и работилницата на овој линк https://forms.gle/G2AVwwfFjRorgSii6

Top