Инфо

Година

2022

Дата/Време

Среда 31.08 21:00

Место

МКЦ плато

Земји учесници

MK | МК | MK |

Учесници

Теа Шалдева / Galatheia

Теа Шалдева / Galatheia

Теа Шалдева / Galatheia добро позната скопска стотројкашка слободно може да кажеме дека е веќе „резидент артист“ на музичката програма...

Повеќе

Јоана Ристеска

Јоана Ристеска

Јоана Ристеска е соло-артистка и инструменталистка од Скопје. Изведува и компонира музика за акустична и електрична гитара и со аналогни...

Повеќе

Сара Ренар

Сара Ренар

Сара Ренар кантавторка која ни доаѓа од Загреб. Нејзиниот музички стил најсоодветно се опишува како експериментално-инди-поп мешање на мелодии со...

Повеќе

Марија Каева

Марија Каева

Марија Каева е вокална солистка, музичарка и текстописец, како и радио водител со петнаесет годишно искуство. Низ долг период од...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Розовата бука никогаш не била поавтентична!

И оваа година ПРВО ПА ЖЕНСКО по десетти пат потсетува на родовиот јаз на музичката сцена! 

Фактот дека на глобално ниво жените во музичката индустрија (21.6% артистки, 12.6% текстописци и 2.6% продуцентки) и на музичките фестивали (27% артистки) сè уште се малцинство, а 2022 година е доказ дека и бината е простор кој допрва треба да се освојува. Кај нас ситуацијата не е многу подобра - напротив, со оглед на тоа дека музичката индустија е скоро непостоечка, музички фестивали има малку, а за родовиот јаз сè уште се шепка. 

И сега, се јавува непокорливата желба да се исправи неправдата… А има ли подобар начин за да се направи тоа од фестивал во кој музичката програма ќе е составена само од екстремно талентирани артистки? Затоа, фокусот на ова јубилејно издание е на жени кантавторки кои и годинава на фестивалската сцена на ППЖ не се тука само за да пркосат на топ 10те хитови на музичките хит листи. Ниту се тука да пополнуваат квоти на очајната родово небалансирана сцена, а најмалку се тука за да ви се допаднат вам. Тие доаѓаат со изградени став и мисла, со причина повеќе за определбата да создаваат музика во оваа демотивирачка густа магла. Оваа година на ПРВО ПА ЖЕНСКО ја имаме честа да ги слушаме меланхоличните мелодии на емотивниот и политички разум кои ранливо се принесуваат до нашата свест, кои нѐ разнежнуваат и нѐ прават посилни. 

Розовата бука никогаш не била поавтентична! Ве очекуваме во МКЦ на среќна среда, да го испратиме последниот августовски ден пред досадните школски клупи.

Top