Инфо

Година

2017

Дата/Време

Петок 19.05 21:00

Место

Денсинг сала

Земји учесници

MK |

Учесници

Драгана Стојчевска Гунин

Драгана Стојчевска Гунин


Ар тисти

Синопсис

Перфроманс + дискусија | Каде одат претставите што не се случуваат?

 

Актерите кои соработувале со Драгана, ја опишуваат како уникатна и динамична режисерка која знае да направи спој од идеи и чувства. Благодарение на тоа што е и психолог, таа знае да го разбере и води актерот како партнер во процесот. Инаку е голем љубител на животни и активистка за човекови права.

Каде одат претставите што не се случуваат?... може да се набљудува и како уметнички перформанс на режисерката Драгана Гунин… дело кое излегува од комфорната зона на самата авторка и дело кое отвора нови начини на искажување во македонската современа театарска сцена. Со едноставен мизансцен, сама на сцената, режисерката и воедно единствената актерка во својата претстава почнува да го деконструира своето авторско минато, за тука пред нас да создаде ново дело кое претставува крик на надежта која се уште постои.” (извор: Ивана Смилевска, http://pirej.mk)

По изведбата следува разговор со авторката.

Top