Инфо

Година

2016

Дата/Време

Сабота 12.03 20:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

БИХ |

Учесници

Адела Јушиќ

Адела Јушиќ


Ар тисти

Синопсис

Отворање на изложба | Ете ни жени

ЕТЕ НИ ЖЕНИ
Адела Јушиќ 

 

Кога го посетив бункерот на Тито во Коњиц, забележав целосен недостаток од женско присуство. Единственото место каде што можеле да го замислат присуството на жените во ова сценарио на нуклеарна катастрофа е спалната соба, опремена за Тито и неговата жена, која вклучува и маса за шминкање. Друга трага на женско присуство се јавува во форма на фигура позиционирана врз инструкциите употреба на тоалетна хартија. Таа е испечатена врз оригиналната тоалетна хартија која била поставена таму во 70-тите.

 

Делото е базирано на истражување направено во соработка со Андреја Дуганџиќ, во рамки на проектот „Што ни даде нашата борба“, дел од Асоцијата за Култура и Уметност „Црвена“. Истражувањето, претставено како онлајн архива од документи, фотографии, книги и интервјуа за феминистичкото наследство на Антифашистичкиот фрон на жените во Југославија (АФЖ), трага по учеството на југословенските жени во втората светска војна и нивниот значаен придонес во (повторната) изградба на Социјалистичката држава. Во 1953 Народниот фронт решава да го укине АФЖ, истата година кога е формирана Атомската војна команда (Објект АРЦ). Тогаш за жените започнува поинаква студена војна. Тие повторно се враќаат во сферата на домаќинството, да ги извршуваат своите природни улоги во приватната сфера на општеството.

 

 

Top