Инфо

Година

2013

Дата/Време

Петок 08.03 21:00

Место

Денсинг сала

Земји учесници

SRB |

Учесници

Репетитор

Репетитор


Ар тисти

Синопсис

Концерт | РЕПЕТИТОР

КОНЦЕРТ: РЕПЕТИТОР

Скопје е подолго време во здрава љубовна врска со Репетитор. И не е чудно, ако се земат предвид нивните незаборавни, високоенергетски настапи што не смеат да се пропуштат. Милена (тапани), Борис (гитара, вокал) и Ана-Марија (бас, вокал) се типичен пример на вистински луѓе што се нашле во вистинско време на вистинско место и сега полека, но сигурно стануваат дел од новото, сè уште неиспишно поглавје на рок историјата и културата на овие простори. На ПРВО ПА ЖЕНСКО доаѓаат да го промовираат својот штотуку излезен албум“Dobrodošli na okean”, што критиката го нарече вистинско сонично искуство. Облечете се удобно, ќе има многу играње!

Домашна поддршка: De Dash feat. Yannah, Dayanas vs. The World Жестоки женски звуци од скопското соседство. Кој еднаш ја видел De Dash во живо, не пропуштил ни еден нејзин следен настап. А Dayanas допрва ќе ги засакате.

Top