LezFem

LezFem
Participant
Website

Лезбејско- феминистичката група – ЛезФем е оформена во рамките на ЛГБТИ центарот за подршка во Скопје. Оваа група е посветена на женските права со посебен поглед на лезбејките. Главна цел на групата e преку редовно состанување, да се посочат проблемите со кои се соочуваат лезбејките и жените во Македонија и со размена на идеи и нивна реализација во конструктивни акции да се пристапи кон нивно решавање.

ЛезФем е создадена низ дружења и долги разговори на неколку девојки кои се препознаваат себеси како лезбејки, политички лезбејки, феминистки. Наша цел е зголемување на видливоста и политичката релевантност на лезбејскиот и феминистичкиот активизам и промовирање на свежи стратегии на отпор кон доминантните идеолошки концепти на патријархатот, шовинизмот, хетеронормативноста, национализмот, клерикализмот. Ние се стремиме кон креирање на автентичен политички глас трагајќи по различните женски искуства  во минатото додека го градиме нивното значење и континуитет денес, како и кон политичка артикулација на секојдневните искуства и социјални релации меѓу жените, не само емотивни, туку и економски, пријателски, професионални, семејни. Токму во овие женски реалности, а не замислени животни стилови, ЛезФем гледа извор на знаења, вредности, енергија и моќ.

Top