Отворена позиција во Тиииит! Инк.

Здружението на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. - Скопје објавува конкурс за хонорарно ангажирање на лице за позицијата Менаџер/ка за финансии и администрација.

Опис на позиција, задачи и услови:

Финансискиот менаџер/ка ќе биде одговорен/а за водење на финансиските и административните аспекти на проектите на организацијата. Тоа ќе вклучува водење на тековната финансиска состојба, подготовка на налози за исплата и договори, подготовка на финансиски извештаи, набавка на материјали и услуги според воспоставените правила за финансиско и административно работење на организацијата.

* Хонорарниот ангажман е за период од три месеци (ноември, декември 2021 и јануари 2022) со можност за продолжување на договорот, со осумчасовно работно време и 21 ден за одмор.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

* Диплома за завршено високо образование во соодветна област;

* Најмалку 5 години искуство во финансиско и административно раководење на проекти во граѓанскиот сектор;

* Искуство во подготовка и анализа на финансиски извештаи, трансфер и евиденција на трошења, подготовка на годишен буџет и годишен финансиски извештај

* Одлични познавања на деловен македонски и англиски јазик;

* Комуникација со донатори за прашања поврзани со финансии и администрација;

* Изградени вештини за информатичка технологија, одлично познавање на Microsoft Office пакетот;

* Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи, посветеност, доверливост, лојалност, капацитет за тимска и независна работа.

Обврски на работната позиција:

* Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;

* Евиденција на трошоци по буџетски ставки;

* Подготовка на финансиски извештаи;

* Креирање на годишен буџет на организацијата;

* Комуникација со сметководителска канцеларија и авторска агенција;

* Комуникација со вршители на услуги.

За предност ќе се смета:

* Сензибилизираност за теми поврзани со родови прашања и родова еднаквост;

* Искуство во менаџирање на Европски проекти.

Најдоцна до 25 октомври 2021 година заинтересираните кандидати треба да достават:

* детална биографија со вклучена листа на претходни проекти;

* писмо за мотивација;

* потврда/препорака од претходен работодавач за работно искуство во финансиско и административно раководење на проекти во граѓанскиот сектор.

 

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.

Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 10 дена по затворање на конкурсот.

Апликациите можете да ги доставите по електронска пошта на tiiiit.inc@gmail.com со предмет на пораката „За позиција Менаџер/ка за финансии и администрација“.