МЕНСТРУАЛНА ПРАВДА | Промоција на студија и дискусија

Што претставува „менструалната сиромаштија“? Колку од нашите сограѓанки кои менструираат имаат пристап до средства за менструална хигиена? Бесплатни средства за менструална хигиена во училиштата – реалност или неостварлива желба?

На 12 ноември (петок) 2021, со почеток во 13 часот, во Europe House (поранешен ЕУ Инфо центар) Здружението на граѓани за промоција на женската активност „Тииииит! Инк.“ и „Реактор – истражување во акција“ ве канат на настан на кој ќе бидат презентирани наодите од неодамна спроведената сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во  Република Северна Македонија – Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките.

Студијата која ќе биде презентирана содржи три нивоа на истражувања кои ги отвораат прашањата за менструална правда преку анализа на искуствата, практиките и социјалните перцепции на жените, девојките и другите лица кои менструираат, како и преку пресметки за трошоците за менструалното здравје и добри практики од регионот и пошироко. Целта е да се продлабочи дискусијата за менструалната хигиена и репродуктивното здравје, да се развие инклузивен јавен дискурс на тема менструална правда во Република Северна Македонија, и да се понудат мерки и препораки за подобрување на состојбата.

Отворањето на оваа дебата во јавноста е неопходна за менување на ставовите и разрушување разурнување на митовите поврзани со менструацијата. Ваквата јавна дебата отвора можност и за прифаќање и воведување на функционални механизми и мерки за подобар пристап на оние кои менструираат до средства за менструална хигиена и намалување на менструалната сиромаштија.

Истражувањето е направено во рамки на проектот „Крај за менструална сиромаштија – Застапување за намалување на менструалната сиромаштија во Република Северна Македонија“, кој го спроведуваат Здружението на граѓани за промоција на женската активност „Тииииит! Инк.“ во партнерство со „Реактор – истражување во акција“, со поддршка од Цивика мобилитас во рамки на програмата за акциски грантови и од ФРИДА – фондот за млади феминистки.

Поради ограничениот број на учесници, ве молиме задолжително да потврдите присуство најдоцна до 11 ноември до 14 часот на контакт tiiiit.inc@gmail и притоа да потврдите минимум една примена доза на вакцина или документ на кој е наведен датум дека 45 дена пред настанот имате прележано Ковид.

На овој линк преземете ја студијата на македонски јазик

На овој линк преземете ја студијата на албански јазик

 
Со почит,
 
Контакт лице: Јана Коцевска
Контакт емаил: tiiiit.inc@gmail.com  
Контакт тел: 075 299 877
 
Фотографии на Соња Ставрова