Скопје Прајд 2022

Скопје Прајд 2022 ќе се одржи на 25 јуни, сабота.

Парадата на гордоста во Скопје ќе започне со пристигнување на учесниците од 17:00 до 19:00 часот во паркот „Жена-борец“ (спроти Собрание на РСМ). По кратки обраќања на активисти и претставници на институции, следува марш по скопските улици пропратен со DJ сетови (19:00 – 20:00).

Се движиме од паркот „Жена-борец“ по улицата Димитрие Чуповски преку Рекорд – улица Даме Груев и булевар ВМРО до крстосницата пред мостот Гоце Делчев – булевар Илинденска покрај Влада – улица Ленинова покрај арена „Тоше Проески“ – крајна дестинација Стадион на АРМ

Скопје Прајд 2022 ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од земјата и од регионот и DJ сетови. Ќе настапат: македонската поп-дива и оперска пејачка Наде Талевска-Спасовска, овогодинешната претставничка на Евровизија Андреа Коевска, DJ Андреј Мицајков, Dj Ginger, Dj Мартина Пенева, DJ Марко Рикалоски, DJ Јана Тодоровска, дрег-шоу со кралиците Alex Elektra, Dita Von Bill и Lana Vee. Ќе ја гледаме и дрег кралицата Ronda Vu од Њујорк, Divon Jane и Linda Socialista.

За да уживаме максимално во Прајдот, од Skopje Pride ги наведуваат следните препораки: 

- Забрането е да внесувате остри и стаклени предмети, балони, пиротехника и оружје.

- Носете си удобни чевли, вода и крема за заштита од сонце.

Програмата на Стадионот на АРМ во Градски парк ќе почне во 20:30 и ќе трае до 01:00 часот, а водителка на програмата ќе биде актерката Наталија Теодосиева.

Се гледаме во сабота, во паркот „Жена-борец“, од 19 часот. Излези за љубов!