Зошто ФЕМОАР?

Оваа рубрика на нашиот новокреиран вебсајт се вика Фемоар. Главната инспирација за ваквиот назив доаѓа од една слатка мала публикација која Тиииит! Инк. заедно со своите партнери Коалиција МаргиниБори се женскиЛезФем и ЛГБТИ Центарот за поддршка ја продуцираа како финален производ на партнерскиот проект Страв од феминизам? - Едукација и акција за промоција на женските права. 

На ова поле од нашиот нов веб сајт може да наидете на разни вести, информации, теориски текстови но и онакви кои тоа не се. Ќе се обидеме да ја информираме јавноста за сите идеи, движења и интересни нови и стари знаења кои афирмираат феминистички вредности и родова еднаквост. 

Секако, имаме цел да охрабриме млади луѓе да истражуваат, пишуваат и објавуваат во оваа наша рубрика. Се надеваме дека ќе успееме доволно да ги мотивираме. Па нека ни е со среќа!

Може да ја разлистате публикацијата ФЕМОАР (клик) која излезе во 2016 година.