Првото проширување на играта со карти Fierce Women - WoW Cards пристигна во Скопје!

Долгоочекуваното прво проширување на друштвената игра со карти Fierce Women - WoW Cards, во чиј состав се наоѓаат 30 нови карти на „страшни“ жени (писателки, феминистки, активистки, уметници, новинарки, борки за женски права) од Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Ирска, конечно излезе од печат и пристигна во Скопје!

Инспиративните приказни на „страшни“ жени кои се дел од овој шпил беа преточени во уникатни уметнички дела на 15 авторки и автори, селектирани во рамки на конкурсот на кој аплицираа повеќе од 300 луѓе од цела Европа. Уживајте во фотографиите на Нина Ѓурѓевиќ. 

- Fierce Women во WoW Cards шпилот -

ХРВАТСКА

Драгоља Јарневиќ, Винка Булиќ, Ката Пејновиќ, Џузепина Мартинуци, Наста Ројц, Дијана Будисављевиќ, Едита Шуберт, Лидија Склевицки 

СЛОВЕНИЈА

Зофка Кведер, Алојзија Штеби, Вида Томшиќ, Вита Жупанчиќ, Мара Бештер, Марта Паулин Шмит-Брина, Душана Шантел Канони, Ангела Пискерник 

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Роса Плавева, Накие Бајрам, Искра Грабул, Рајна Алексова, Вера Весковиќ Вангели, Лилјана Дирјан, Мимоза Несторова Томиќ

ИРСКА 

Кетлин Лин, Кристин Бакли, Мод Делап, Нен Џојс, Естела Соломонс, Нула Офејлен, Лајра Меки

Новиот шпил беше создаден како дел од проектот Жени за Жени / Women on Women (WOW), спроведен од страна на четири партнерски организации City of Women (Словенија), Tiiiit! Inc. (Северна Македонија), Common Zone (Хрватска), и Outlandish Theater Platform (Ирска).

Овој промотивен шпил е испечатен во ограничен број од 2000 примероци. Истиот ќе биде споделен во рамки на локалните заедници на секој партнер во Словенија, Северна Македонија, Хрватска и Ирска на некои од следните настани или онлајн како подарок. Следете не на социјалните мрежи за повеќе инфо! 

Проектот Жени за жени е поддржан од Програмата Креативна Европа на Европската Комисија.