ПИЧ ПРИЧ на 8ми март во кино Милениум!

И оваа година, традиционално, го прославуваме празникот на општествената, политичка и економска рамноправност на жените на најдобриот можен нетрадиционален начин - ПИЧ ПРИЧ.

Румена Бужаровска и Ана Василева, свечено дотерани во гала тоалети, ќе им бидат домаќинки на шест нови, возбудливи раскажувачки! Следете нѐ будно за да дознаете чии приказни ќе ги слушаме!

Скокотливата тема на нивните приказни овој пат ќе биде ВЛАКНА.

Се шушка дека салата на Кино Милениум ќе биде претесна да не собере сите. Затоа што поскоро резервирајте си столче!