Номинациите за WoW наградите се отворени!

Бараме хероини, жени борци за еднаквост, рамноправност и праведност!

Историјата е напишана од луѓе на позиција на моќ со цел да се задржат актуелните социјални односи на експлоатација. Фактот што речиси воопшто не се споменуваат жени во историјата, или пак се споменати само оние кои го поддржувале одржувањето на социјалниот статус кво, не е случајност туку претставува примарен метод за одржување на постоечката состојба на нееднаквост. 

Тиииит! Инк. бараат хероини на секојдневието, жени борци за еднаквост и женски права, за заедничкото и заедницата, занемарени шампионки за подобар свет. Дали знаете и познавате такви жени? Препорачајте ги за WoW наградите, кои ќе бидат презентирани еднаш годишно, секој март, во четирите партнерски држави (Словенија, Хрватска, Македонија и Ирска).
Можете да номинирате само жени од сегашноста (жени, транс и интерсекс луѓе), кои постојано придонесувале со позитивно влијание во борбата за родова еднаквост и социјална правда во Македонија. Можеби тие се активистки, чистачки, земјоделки, докторки, учителки, научнички, социјални работнички, адвокатки, професорки, уметници или некои други. Доколку го менуваат нашето општество кон подобро, треба да се на листата од пет номинирани за WoW награда за оваа година.

Рокот за номинациите е 12 јануари 2020 година.

Ве молиме испратете ги вашите номинации и/или прашања директно на contact@tiiiitinc.com или по пошта на ул.Козле,49б, 1000 Скопје. Предлозите можат да ги испратат индивидуалци, невладини институции, јавни институции, комори, асоцијации или активистички групи. Нема ограничување на бројот на номинации кои едно лице или организација може да ги испрати.

Предлозите треба да вклучат:
• име, презиме и податоци за контакт на лицето кое ја испраќа номинацијата
• име, презиме и година на раѓање на номинираната личност
• поле на делување на номинираната личност
• куса биографија на номираната личност (1.500 карактери со простор)
• кус текст каде се наведени причините поради кои се номинира лицето (1.500 карактери со простор)

Линк до настанот на Facebook.

Предлозите ќе бидат прегледани од страна на жири кое има право да предложи и свои номинации.
Петте номинации ќе бидат објавени на настан кој ќе се одржи во почетокот на март 2020год.
Проектот Women on Women кој ги презентира WoW наградите е поддржан од програмата на Креативна Европа на Европската Комисија.